Грчкиот премиер Андонис Самарас уште еднаш „не ги исполни очекувањата“, изјави портпаролот на грчката опозициска партија Сириза Панос Скурлетис, коментирајќи ја средбата на Самарас со германската канцеларка Меркел.
– Понекогаш, ѓаволот е во деталите и мислам дека Меркел и Самарас беа апсолутно јасни за една точка. Меркел рече дека работите ќе напредуваат на таков начин што ќе доведе до завршување на програмата на меморандумот. Самарас, со малку поинаков зборови, го рече токму истото, дека ние ќе се движиме во рамките на програмата на меморандумот, изјави Скурлетис за телевизијата Антена.
Како резултат на тоа, верувам дека Самарас отиде и се врати со празни раце, рече портпаролот на Сириза додавајќи дека на средбата не ништо конкретно договорено.