Кривични пријави за двајца нарко дилери од Скопје

Од:

МВР поднесе кривични пријави против М.Ш. (42) и С.С. (45), познати улични нарко дилери од Скопје, поради недозволена трговија со хероин.

На двајцата во претходна судска постапка име е одреден притвор во траење од по 30 денови.

М.Ш. кој досега е двапати кривично пријавуван за недозволена трговија со дрога и С.С. кој претходно има една пријава за истото кривично дело, во периодот од јули наваму набавиле поголема количина хероин, која во зависнот од побарувачката ја препакувале во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки) и ја препродавале на уживатели од Скопје, информира МВР.

Единицата за недозволена трговија со дрога во две одделни акции во непосредна близина од домовите на пријавените, при личен преглед на шест лица од Скопје пронајде по една полиетиленска паковка, со  вкупно 3,55 грама хероин.

Постапувајќи по добиените сознанија и обезбедените материјални докази, Единицата за недозволена трговија со наредба од судија изврши претрес во домот и други простории на пријавените при што кај М.Ш. е пронајдена и одземена една поголема полиетиленска паковка со хероин со вкупна тежина од 8,46 грама, додека кај С.С. се пронајдени и одземени 27 помали полиетиленски паковки со хероин со вкупна тежина од 4,27 грама и една паковка кокаин (0,05 грама).

Двајцата се приведени во службените простории на СВР Скопје, но не  дале појаснување за пронајдената дрога во нивните домови, како и за тоа од кого и од каде ја набавиле.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он