Обама ја вооружува Полска, за да може да се брани од Русија

Од:

САД потпишаа договор за продажба на оружје вредно половина милијарда долари на Полска, за да може да се одбрани од заканите во регионот.

Договорот е потпишан во време на голема нетрпеливост помеѓу Запад и Русија. Во составот на новата воена опрема Полска ќе добие 40 крстосувачки проектили од типот АГМ-158 АЈССМ, кои имаат домет од 400 километри и ќе му овозможат на полското воено воздухопловство да изврши напади на руска територија, без да го напуштаат својот воздушен простор.

Во соопштението кое што го издаде американската агенција за одбранбена соработка, стои дека ова ќе придонесе за целите на надворешната и безбедносна политика на САД.

-Полска воените способности ќе ги искористи за спротивставување на регионалните закани и за зајакнување на својата моќ за напад воздух-земја, со што ќе го зголеми својот придонес во идните НАТО операции-стои во соопштението.

Полскиот министер за одбрана Томас Сиемониак изјави дека новите проектили, кои се дизајнирани за лансирање од авиони од типот Ф-16 се едно од најмодерните оружја во светот во овој момент.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта