Вицепремиерот Теута Арифи за односите во коалицијата, вели дека се работи за комплексни односи и различно гледање на некои прашања, и изрази надеж дека ќе се најде сила рационално да се пристапи на овие прашања во интерес на евроатланските интегративни процеси
Ова, Арифи, го кажа во САД, каде го образлижи високиот дијалог со ЕУ.
Таа констатираше дека Македонија ја одработила својата задача за да може да очекува уште еден позитивен извештај од Европската Комисија .
Во своето обраќање во Германскиот Маршал фонд во Вашингтон, Арифи рече дека во високиот дијалог со Европската Комисија како успеси се прифатени подготвувањето на извештај за спроведување на Рамковниот договор, декриминализацијата на клеветата и навредата и чекорите поврзани со изборното законодавство и избирачкиот список.
„ Сметам дека е многу важно откако ја завршивме третата рунда од дијалогот на високо ниво, а разговараме со партнерите околу добивање поддршка за овој процес. САД се многу важен партнер на Република Македонија и имаат свое влијание на земјите членки на Европската Унија. Поради тоа во моите средби во Стејт Департментот, Конгресот и Сенатот ќе инсистирам таа поддршка да продолжи и да се зголемува, особено во идните месеци кои се многу чувствителни за овој процес на Европската Унија, што мислам дека е интерес не само на Македонија, Балканот и ЕУ туку и на пошироките партнери како што се САД “, рече Арифи.
Таа потенцираше дека евроатланските интеграци за Македонија се опција без алтернатива, но сепак и дека и покрај позитивниот извештај на Европската Комисија и препораката за почнување на преговорите со ЕУ, како и минатите години, да бидеме блокирани од страна на Грција.
„Многу е важно спорот за името со Грција да биде решен на коректен и прифатлив начин за двете страни, истакна Арифи.
Во Њујорк Арифи ќе присуствува и на големата конференција по повод 100-годишнината од формирањето на албанската држава, на која се очекува да присуствуваат високи претставници на државниот врв на Албанија и Косово, како и гости од американската администрација и од повеќе европски држави