Една од 64 сомнителни организации во Косово – Асоцијација за култура, воспитување и образование, блиска до Муслиманско братство во Египет, прекина со работа во Косово, објави весникот „Зери“.
Според весникот, затворени се сите ограноци на организацијата во Косово.
Слична судбина според извори на „Зери“ има и организацијата „Косова еид дивелопмент“ и организацијата „Ал агл Ал Ислами“, која иако во многу европски држави беше сомнителна, во Косово се занимаваше со изградба на џамии на барање на Исламската верска заедница.
Без оглед на затворањето на тие организации, косоовската полиција не ја коментираше акцијата ниту Специјалното обвинителство.