СДСМ: За што Бакрачески ги задолжи охриѓани со нови 2 милиони евра?

Од:

Најголемата опозициона партија, Социјалдемократскиот сојуз денеска од прес – конференција во Охрид го повика градоначалникот Бакрачески да одговори за што ги задолжува жителите на Охрид со нови два милиони евра.

Тие го обвинија Бакрачески дека капитални инвестиции не се редовните обврски на локалната самоуправа.

Бараме од градоначалникот Никола Бакрачески, поставен од ВМРО-ДПМНЕ да каже за што ги задолжи охриѓани со кредит од 127 милиони денари? Дали под капитални инвестиции Никола Бакрачески подразбира асфалтирање улици и поставување атмосферска канализација, што е редовна обврска на секоја општина?!Затоа ли граѓаните на Охрид ќе враќаат кредит до 2030 година?! – прашаа од СДСМ.

Од СДСМ велат дека загрижувачки е фактот дека советниците на ВМРО – ДПМНЕ и Бакрачески кријат  колкави камати ќе плаќаат охриѓани за земениот кредит од 127 милиони денари.

Во одлуката што се донесе на претходната 27 седница буквално стои дека каматната стапка изнесува „шестмесечен EURIBOR со варијабилен распон”, што значи дека каматната стапка е од прилика 0,2%. Ново материјалите каде што е доставен табеларен преглед за распоред на отплатата на кредитот наведена е каматна стапка од 5% – рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

Тој додаде дека врв на се е одговорот на градоначалникот Никола Бакрачески на вчерашната седница, кога изјави дека каматната стапка „нема да биде поголема од 2%”.

Сега колкава е каматата на 127 милионскиот кредит: 0,2 процента, 2 процента или 5 проценти?Градоначалникот Бакрачески ги должи овие одговори на нас, граѓаните на Охрид, за најновото кредитно задолжување, што ќе го отплаќаме во следните 16 години – рече Стојаноски.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски