Проруските сепаратисти започнаа со повлекување на артилеријата

Од:

Проруските сепаратисти од источна Украина денеска соопштија дека започнале со повлекување на своето артилериско оружје, согласно договорот постигнат во Минск.

– Ја повлековме артилеријата од зоните од кои е дислоцирано и оружјето на украинската регуларна армија. Таму каде што украинската артилерија на е повлечена, не ја повлековме ни нашата, изјави лидерот на проруските сепаратисти од Доњецк, Александар Захарченко.

Тој нагласи дека е повлечено оружјето на артилериските единици со калибар од над 100 милиметри.

Како што јави ИТАР-ТАСС, повлекувањето на артилериското оружје е предвидено со договорот од девет точки, склучен во саботата во Минск, за ставање крај на судирите помеѓу украинските сили и проруските сепаратисти, кои траат повеќе од пет месеци.

Со договорот се предвидува создавање на тампон зона во широчина од 30 километри, долж линијата на фронтот меѓу украинските сили и сепаратистите и повлекување на тешката артилерија, што според аналитичарите го замрзнува конфликтот на сегашните позиции.

Планот предвидува и итен прекин на огнот, кој за ега се почитува, како и забрана за авионски летови над сепаратистичките региони.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска