Утре започнува „Вино Скоп“

Од:

Од утре Скопје е подготвено да ја испише осмата по ред градска приказна наречена „Вино Скоп“. Плоштадот „Карпошово востание“ до Камениот Мост е новата локација каде ќе се одржи овој фестивал , со учество од над 40 македонски винарии, а новитет оваа година е што посетителите ќе имаат можност да пробаат и вински коктели како сангрија и вино мохито на штандот „Wine and Cheese“.

vinoskop20144 (2)

Фестивалот ќе биде отворен утре, 24 септември од 18:00 со Дј Тина, веднаш по неа од 21:00 се етно метал бендот Хроматик Поинт, а браќата Тавитијан ќе настапат со својот проект „Македонското срце чука во 7/8 такт“ со специјалниот гостин Аки Рахимовски од Парни Ваљак кој ќе ги изведува старите македонски народни песни. Вечерта свое обраќање ќе направат винските витези од Република Македонија, а фестивалот официјално ќе биде прогласен за започнат од страна на Коце Трајановски.

На Вино Скоп по долго време со концерт се враќаат Дарио и Миг 21, а ќе настапат и Фолтин, Куку Леле, Митан Проџект, Бени и Нон Стоп, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Уска Кан Оркестар и многу други.

vinoskop20144 (1)

Паркингот до Музејот на холокаустот ќе биде отворен 24 часа за посетителите.

Организаторите како и винариите учесници ветуваат добра музика, дегустација на врвни вина по цени за сечиј џеб, деликатесно мезе во катчето за храна и пет дневна забава до утринските часови.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух