Албанците покажаа дека заслужуваат кон нив да се приоѓа на сосема друг начин, а не со резервираност која ја покажуваат скептиците во Европа, изјави албанскиот премиер Еди Рама по заминувањето на папата Франциско од Тирана.
Поглаварот на Римокатоличката црква во неделата беше во 11-часовна посета на Тирана, за време на која беше истакната позицијата на политичкото и верско раководство во земјата, истакнувајќи дека взаемното почитување и доверба меѓу католиците, православните имуслиманите претставува огромно богатство за земјата.
– Албанија е европска, а не муслиманска земја, во која живеат хармонично христијани и муслимани и поради тоа таа претставува пример за многу држави, изјавил папата Франциско за време на својата посета.