Груевски: Црвенковски се издрибла

Од:

„Нормално беше и се очекуваше човекот кој толку многу секојдневно се занимава со шпекулации, манипулации и извртување на вистината и фактите и обид за манипулација со граѓаните, во еден момент да се издрибла самиот себе и сега не знае како да се извади. Граѓаните вчера видоа, излегоа податоците и документите кои самиот тој ги извади и се виде дека тој предлог има сериозни проблеми во делот на јазикот, националноста, кои се крајно проблематични и нејасни“, изјави премиерот Никола Груевски во врска со предлогот на медијаторот на ОН Метју Нимиц од 2005 година за решавање на прашањето за името и за повикот на лидерот на СДСМ за ТВ дуел.

Предлогот на Нимиц што според Груевски има сериозни проблеми во делот за јазикот, националноста.

„Тие се крајно проблематични и ден денеска ме чуди зошто тој прифати такво нешто од прва, особено што Грција го имаше одбиено и зошто тој го прифати и покажа спремност за отстапување од идентитетските прашања. Тоа беше прв момент кога Македонија покажа подготвеност со експресно прифаќање и тоа на веќе одбиен предлог од Грција се покажа спремност дека може да се пазари и околу идентитетските прашања кога тие се нејасни и се напишани на начин кој не покажува дека нема гаранции. Практично таму нема ни „г“ од гаранции за идентитетот, но и во делот на јазикот и на националноста“, изјави Груевски по одбележувањето на Европскиот ден на претприемачот.

Груевски смета дека не е добро што Бранко Црвенковски го користи името за дневно политички поени.

„Ако тој во основа е одговорен политичар не би требало на какви било настапи во јавноста да вади државни документи одбележани со државна тајна и да зборува за детали, а со тоа на некој начин да ја нарушува дополнително позицијата на Република Македонија“, рече Груевски.

„Не треба да не доведува сите други во таква ситуација од едно стратешко прашање за државата тој да си игра пинг понг на дневна основа. И може да направат штета на нашите понатамошни разговори со Грција по ова прашање со посредство на ОН“, рече Груевски.

Премиерот кажа дека има институции кои треба да решат дали Цвренковски оддал државна тајна, но не смета дека Црвенковски свесно го направил тоа за да како што рече се прикаже како жртва и да има што да зборува на митинзите.

„Има државни институции, ќе ја разгледуваат таа работа, но тоа е уште еден показател за тоа колку човекот е подготвен по секоја цена дури и по цена за прашања поврзани за државниот интерес, затоа што нема случајно ставено на тој документ дека е државна тајна, а не е ставен сега туку уште од времето кога тој беше на функција и раководеше на некој начин со Владата и ја узурпира позицијата претседател. Тој свесно оди на злоупотреба на документи за некоја дневно политичка цел и ситни поени не гледајќи дека со тоа прави штета на интересите на државата затоа што сега во Грција сега има избори, тие ќе завршат ќе се формира влада и треба да се продолжат разговорите со нив. Сето ова што тој денеска го говори и ќе биде дел од оружјето на другата страна условно кажано дипломатско оружје кога ќе седнеме да разговараме“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица