Листа на најбогатите Американци за 2012 според Forbs

Од:

Бил Гејтс се наоѓа на листата на магазинот Forbes како најбогат Американец за последниве 19 година по ред, со богатство од $ 66bn (£ 41bn), до $ 7bn од минатата година.

Нема промена во редоследот на првите пет најбогати од претходната година.

Вкупното богатство на Американските супер-богаташи порасна за 13% до $ 1.7tn, во кои на врвот има 400 богаташи со вредност во просек $ 400 милиони повеќе во 2012 година.

Вкупните средства на оваа групата се во вредност од една осмина од економијата на САД,  и се зголемува многу побрзо отколку економијата во целост.

Според Форбс листата на 400 најбогати луѓе во Америка, просечната нето вредност на една личност на листата е $ 4.2bn.

На второ место со богатство од $ 46bn е Ворен Бафет,  кој е претседател и главен извршен директор на осигурителната компанија Беркшир Хатавеј.

На третото место се наоѓа Лари Елисон, раководител и софтверски творец на Оракл Корп, во вредност од $ 41bn.

Дејвид и Чарлс Кох од енергскиот и хемиски бизнис, Кох индустрии се најдоа на четвртото место со $ 31bn.

Мнозинството на оние богаташи на листата на Форбс, стана побогати во 2012 година. Кај 241 членови на групата се зголемие богатство, а додека само 66 го почуствуваја намалување на своето богатство.

Сопствениокот на казина Шелдон Аделсон и финансиерот Џорџ Сорос падна од редовите на топ 10, сега се наоѓаат 12-тото место во споредба од пред една година.

Но, најголем пад е забележан од страна на Фејсбук основач и извршен директор Марк Цукерберг, кој падна од 14 до 36 место во пресрет на разочарувачката берзанска листа на неговата компанија.

Тој го загуби речиси половина од своето богатство, кој сега е во вредност од околу $ 9.4bn.

Четири члена на едно семејство – наследници на богатство Walmart – се во првите 10.

Еве е листата на Форбс:

1. Бил Гејтс, ко-основач и претседател на Мајкрософт, $ 66bn
2. Ворен Бафет, претседател и главен извршен директор на Беркшир Хатавеј, $ 46bn
3. Лари Елисон, ко-основач и главен извршен директор на Оракл, $ 41bn
4. Чарлс Кох, претседател и главен извршен директор на Кох индустрии, $ 31bn
5. Дејвид Кох, ко-сопственик и извршен потпретседател на Кох индустрии, $ 31bn
6. Кристи Волтон и семејството, наследничка на Walmart богатство, $ 27.9bn
7. Џим Волтон, наследник на Walmart богатство и претседател на Arvest банка, $ 26.8bn
8. Алис Волтон, наследничка на Walmart богатство, $ 26.3bn
9. С Робсон Волтон, наследник на Walmart богатство, $ 26.1bn
10. Мајкл Блумберг, основач и главен сопственик на Блумберг ЛП, $ 25bn.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

„Бинанс“ вложува 200 милиони долари во Форбс

А1он

Меркел им отстапи место на највлијателните жени според „Форбс“, првпат по 11 години

А1он

Роналдо е најплатениот фудбалер во светот оваа сезона

„Форбс“: Богатството на Маск се зголеми за околу 10 милијарди долари

Катерина Ѓуровски