Тајфунот „Марио“ направи пустош и однесе 10 животи на Филипините

Од:

Тајфунот „Фунг-Вонг“, кој на Филипините е наречен „Марио“, од петокот вечерта, па до денеска, направи пустош над северниот и централниот дел на филипинскиот архипелаг.

Најголеми штети претпе подрачјето на филипинскиот главн град Манила.

Официјално, како последица на силниот ветар, а уште повеќе поради врнежите, што донесоа над 300 литри дожд на квадратен метар во 24 часа, загинаа 10 луѓе, а 183.000 семејства беа евакуирани. Во прифатните центри ќе останат околу 50.000 семејства со 197.500 членови, бидејки нивните живеалишта се наполно уништени.

Последниот катастрофален тајфун денеска се движи кон Тајван. Метеоролозите најавуваат дека неговата јачина ќе се намалува, но високиот степен на опасност важи од денска и на Тајван.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати