Одбојкарската репрезентација на Германија го освои 3.место на Мундијалот во Полска, откако вечерва во малото финале ја победи Франција со 3-0 во сетови.
Германците најубедливи беа во првиот сет препуштајќи му на противникот 21 поен. Во вториот сет беше 26:24, а два поени разлика беше и во третиот сет (25:23).
Од 20 часот и 25 минута ќе почне борбата за трофејот. Во финалниот меч ќе играат бранителот на титулата Бразил и домаќинот Полска.