Екстремисти планирале напад врз Европската Комисија во Брисел

Од:

Екстремисти планирале атентат против Европската комисија во Брисел, објавија локалните медиуми.

Според податоци на белгиските безбедносни органи, на почетокот на август нивни соработници на аеродромот во Брисел уапсиле двајца турски државјани, маж и жена, кои пристигнале од Сирија, каде веројатно војувале на страната на џихадистите. На адреса во Брисел се пронајдени огнено оружје и панцири.

Според белгиските специјални служби, двајцата уапсени подготвувале терористички напад против Европската комисија, ист каков што претходно беше планиран од сродни екстремисти во Хаг.

„Подготвувале атентат. Една од целите била зградата на Европската комисија во Брисел. Напади врз конкретни еврокомесари не биле планирани. Акцијата требало да наликува на нападот врз Еврејскиот музеј со цел убивање на максимален број луѓе“, јави Холандската радио корпорација (НОС), повикувајќи се на анонимни извори.

Белгискиот весник „Еко“ пишуваше дека белгиските власти спречиле неколку напади од страна на џихадисти, кои се вратиле во земјата откако се бореле во Сирија. Во војна во Сирија заминале околу 400 луѓе со белгиско државјанство, од кои околу 90 се вратиле, посочува „Еко“.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска