Изложба на македонски уметници во Амбасадата во Виена

Од:

Во Амбасадата на Република Македонија во Австрија вечер во рамки на Денови на македонската култура во Виена ќе биде презентиран проектот Made in Macedonia – Bricolage.

Проектот е симболична индикација за суптилниот свет на уметникот и претставува дела кои имаат хетерогеност при изборот на материјали и техники, артефакти, комбинирани, преработени во едно пошироко авторско видување, реаранжирање, бриколажирање,…

На изложбата,организирана по повод 20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија, ќе бидат преставени дела од Антони Мазневски, Атанас Атанасовски, групата ОПА (Слободанка Стевчевска, Денис Сарагиновски), Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Дијана Томиќ Радевска, Ивца Димевска и Исмет Рамиќевиќ.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје