Солидарност: Итно да се вратат бесплатните сини картони за сите

Од:

Власта сè поексплицитно го покажува својот антисоцијален карактер! Донесува закони со кои ги ограничува правата на сиромашните и непривилегираните и потоа, применувајќи ги таквите закони, ја покажува на дело целата нечовечност на ваквото извитоперено сфаќање на правната држава, реагира левичарското движење „Солидарност“, кое побара итно да се врати практиката сите невработени лица бесплатно да добиваат сини картони.

Во реакцијата за кривичните пријави за 15.000 социјални случаи поднесени од ФЗОМ, движењето вели дека државата преку своите институции работи на штета на невработените, како и дека постојано ги менува законите за да се извлекува од долгови.

„Само пред десетина дена таа ги промени законските одредби што се однесуваат на правото на штрајк во образованието во обид да ги спречи вработените во образованието да се изборат за своите права! Сега, нејзиниот Фонд за здравствено осигурување бара примена на законски одредби на штета на невработените лица! Ако некоја законска одредба ја прекршиле 15.000 лица, тогаш проблемот не може да биде кај граѓаните, туку во законот! Во 2011 година власта направи упад во социјалниот карактер на државата, прокламиран со Уставот на оваа земја, и го укина правото на бесплатни сини картони за сите невработени лица“, порачува Солидарност.

Левичарското движење вели дека мерката од 2011 година е поради големите долгови на ФЗОМ, но наместо газдите, настрадале работниците и невработените.

„Со оваа мерка, власта сакаше, на грбот на невработените лица, да ја санира дупката што ја создаде во Фондот за здравствено осигурување поради намалувањето на придонесите од плата за здравствено осигурување и недомаќинското работење на Фондот. За овозможувањето на газдите дополнително да се збогатуваат и за лагодно располагање со народните пари од страна на Фондот, со цехот беа нагрбавени невработените лица! При тоа, воведен беше ригорозниот критериум сите невработени лица што имаат не лични, туку семејни примања над 8.050 денари месечно да доплаќаат ако сакаат да имаат сини картони. Нагласуваме: не за да добиваат бесплатна здравствена заштита, туку сини картони, одредено олеснување на плаќањето на здравствените услуги“, се вели во реакцијата на Солидарност.

Се бара враќање на бесплатните сини картони за сите, бидејќи на Македонија и треба грижа за здравјето на сите нејзини граѓани, а не да се даваат големи поволности за лекување странци на нејзина територија.

„Левичарското движење „Солидарност“ бара не само Фондот за здравствено осигурување да ги повлече кривичните пријави против невработените лица, туку и да се врати правото на бесплатни сини картони за сите невработени лица. На тој начин, ќе се спречи дополнителното осиромашување на невработените лица и ќе се спречи Фондот за здравствено осигурување да малтретира социјално загрозени граѓани! На Македонија не и треба воведување привилегии за странци преку формирање на т.н. слободни здравствени зони. На Македонија и треба грижа за здравјето на нејзините граѓани!“, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

A1on

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

„Солидарност“ демантира дека ќе се вклучи во формирање партија

Ана Ололовска

Солидарност: Власта е соучесник во експлоатацијата на работниците

Ана Ололовска

Солидарност: Борбата против малигниот груевизам во општеството мора да продолжи!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Николче ништо не прифаќаме ако ти останеш премиер

Емир Латифовиќ