ГРОМ во превенција на жолтицата и алиментарни труења

Од:

Со едукативна презентација на тема „Жолтица-Хепатитис А и алиментарни труења“, која ја одржа М-р Ирена Калајџиева-Милевска, Форумот на жени ГРОМ-Карпош продолжува со активности на актуелни теми. Таа понуди стручни совети за тоа како едно семејство треба да се заштити од оваа болест и какви мерки да преземе доколку таа е на пат да го зафати организмот на една индивидуа, како и за историјата на оваа болест и проблемите кои произлегуваат од нив а со кои се соочуваат граѓаните.

Целта на предавањето е подигнување на нивото на свест и превенција од жолтицата која зема се поголем замав во изминатите месеци. За листерозата пак, која предизвикува алиментарни труења исто така се неопходни заштита и превентивни мерки. За сите нив навремено треба да се интервенира за да нема фатален исход.

По предавањето беше отворена конструктивна дискусија на која, на прашањата на жените на Форумот на жени на ГРОМ- Карпош, одговараше д-р Добрила Андоновска. Со ова, по летните одмори, Форумот на жени на ГРОМ-Карпош, го одбележа почетокот на интензивните активности кои ги подготвува Форумот.

Би можело да ве интересира

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Гром удри во две момчиња во Радовиш, 20-годишно момче загина, неговиот другар повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион

ЦУК апелира попладне на внимателност поради локална нестабилност, пороен дожд, силни електрични празнења и засилен ветер

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

A1on