А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Почна „Неготинска фолклорна вечер“

by А1он20/09/2014 - 10:57316
Share0

Во Неготино синоќа се одржа „Неготинска фолклорна вечер“ во организација на националната установа за култура Ацо Ѓорчев од овој град, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

– Годинава за прв пат се одржа една ваква манифестација за која се надеваме дека ќе стане традиционална. Целта е во екот на гроздоберот во најголемиот лозаровинарски регион во државата во текот на вечерта неготинци, па и нивните гости да ја почувствуваат магијата на фолклорот, рече директорката на културниот центар Мирјана Јованова.

На градскиот плоштад во Неготино свој настап имаа фолклористите од културно уметничкото друштво „Ацо Ѓорчев“ кое работи во склоп на центарот за култура, пејачката група „Лира“, „Харизма бенд“, „Чардак бенд“ и „Антигона бенд“, како и естрадниот уметник Горан Јованов. Специјален гостин беше вокалната група од збратимениот град Попово.

negotino

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

Горан Наумовски02/01/2026 - 12:18

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 10:1016/12/2025 - 11:37

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Горан Наумовски10/12/2025 - 20:22

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски15/11/2025 - 08:4215/11/2025 - 09:01

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски31/10/2025 - 10:2831/10/2025 - 10:50

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски29/10/2025 - 10:4329/10/2025 - 10:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен