Англиканскиот надбискуп Џастин Вилби призна дека понекогаш се сомнева во неговата верба во Господ.
Во интервју за Би-Би-Си, надбискупот од Кантербери рече дека сомнежите му се појавуваат на разни начини.
– Има моменти кога човек размислува за тоа дали има Господ и ако има каде е тој, изјави Вилби.
Надбискупот кој раководи со Англиканската црква се наоѓаше во прва посета на неколку региони на западот од Англија, а потоа на еден организиран јавен настап во катедралата во Бристол, ги коментирапе своите размисли и дилеми.
Во текот на настапаот во Бристол, Вилби беше запрашан за дилемите и сомнежите, а нашто тој одговори дека често ги чита Псалмите и дека посебно му омилен Псалмот во кој се изнесуваат многу сомневања.
Надбискупот мораше да објаснува дека е сосема прифатливо, понекогш, луѓето да имаат сомнеж, а сепак да бидат и добри христијани.
– Господ е исполнет со верба и тогаш кога ние не сме, рече Вилби, објаснувајќи ја убавината да се биде христијанин.
Коментарите и забелешките на надбискупот Вилби беа изнесени во катедралата во Бристол, пред околу илјада луѓе од кои повеќето беа верници кои нередовно доаѓаат на неделните миси.
Изјавите за сомневањата во вербата во Господ, предизвикаа различни коментари во домашната јавност и надвор од оваа верска заедница, па реагираше со соопштение палатата Ламбет во Лондон, каде се наоѓа седиштето на Синодот на англиканската црква.
Во соопштението се вели дека коментарите се дадени во рамките на тоа, зашто надбискупот верува во Господ и како неговото верување во Исус Христос го изменила неговиот живот.