ВМРО-ДПМНЕ кон РТВ Словенија: Кому не му се допаѓа, нека не доаѓа

Од:

Тоа што на професорот и на некој кој ја правел емисијата не му се допаѓа, на многумина и на мнозинството граѓани на Македонија и туристи многу им се допаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ кон РТВ Словенија поради прилогот за Скопје 2014, во кој е изјавата на Филип Урспрунг професот по историја на уметноста и архитектурата од универзитетот во Цирих.

Партијата на власт на почетокот на реакцијата изнесува бројки за туристички посети.

„Туризмот во Република Македонија во последните години забележа значителен пораст. Бројот на туристи во Република Македонија во последните неколку години вртоглаво расте и е дуплиран, при што Скопје стана најпосетен град од туристи. Во Република Македонија во 2006 година бројот на странски туристи во таа година изнесувал 202 357, додека пак во 2013 година бројот на странски туристи изнесувал 399 680 или двојно повеќе“, стои во реакцијата за прилогот во кој со термините налудничав проект, кич фасади, гротеска, Дизниленд, соговорниците, меѓу кои и Филип Урспрунг професот по историја на уметноста и архитектурата од универзитетот во Цирих, го квалификуваат проектот Скопје 2014.

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се зборува и за разлики вкусови и за одушевени туристи.

„Секој кој дава оценка за изгледот на Скопје тргнува од сопствениот вкус, а очигледно професорот и некој кој ја правел емисијата имаат вкус кој е различен од новите градби во Скопје. Спротивно од тоа, ако професорот прошетал низ Скопје, можел да забележи голем број на туристи кои со воодушевување им пристапуваат на новите градби и се фотографираат пред нив, без разлика дали се домашни или странски од било кој дел на светот“, вели ВМРО-ДПМНЕ во својата реакција.

Оценувајќи ги критиките на Урспрунг како навреди, македонската владејачка партија му порачува дека не мора да доаѓа во Скопје, оти нејзе ѝ биле важни одушевените туристи.

„Сепак, професорот треба да биде свесен и да знае дека ова што нему не му се допаѓа и незнаеме од кои причини сака да навредува за кои се надеваме не се политички, на многумина и на мнозинството граѓани и туристи многу им се допаѓа. Доколку на професорот не му се допаѓа Скопје, тој не мора да доаѓа бидејќи никој со сила не го тера. За нас е исклучително важно дека многу повеќе туристи го посетуваат Скопје изминативе неколку години и денес, отколку било кога во историјата на овој град. Трендот на пораст на странските туристи во Скопје ќе биде задржан и во иднина“, порачува владејачката партија во реакцијата до словенечката државна телевизија и до професорот од Цирих.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје