Бурен аплауз на актерите на Драмскиот театар во Виена

Од:

Со бурен аплауз и со овации беа испратени актерите на Драмскиот театар, кои синоќа во престижниот театар „Акцент“ во Виена, со претставата „Последните Македонци“ во режија на Сашо Миленковски ја отворија манифестацијата „Денови на македонската култура во Австрија“ која се одржува во рамките на прославата на 20-годишнината од дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Австрија.

Претставата „Последните Македонци“ беше изведена пред повеќе од 300 посетители, меѓу кои и директорот на Драмскиот театар Роберт Вељановски, амбасадорот на РМ во Виена д-р Ѓорѓи Филипов, Роберт Петрески заменик- секретар од Македонската културна заедница во Виена, како и други гости и претставници на дипломатскиот кор во оваа земја.

Манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се реализира со поддршка на Министерството за култура, продолжува утревечер (20 септември) кога македонската современа ликовна сцена пред австриската јавност ќе биде презентирана преку изложбата „Made in Macedonia – Brikolage“ во организација на Музејот на современата уметност.

Изложбата која ќе биде поставена во Амбасадата на Република Македонија во Виена, ќе презентира дела на неколкумина реномирани македонски уметници, меѓу кои и Атанас Атанасоски, Жанета Вангели, Ива Димеска, Антони Мазневски, Дијана Томиќ-Радевска, Исмет Рамиќевиќ, Вана Урошевиќ, ОПА (Слободанка Сревческа, Денис Сарагиновски).

„Деновите на македонската култура во Австрија“ ќе бидат заокружени во недела (21 септември) кога во познатиот Одеон театар ќе биде изведена балетската претстава „14 часа“ на Македонската опера и балет. Режисер е Наташа Поплавска, музиката ја напиша Кирил Џајковски, а кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров. Во балетското дело „14 часа“ настапуваат првенците на МОБ: Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Игор Веланоски.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје