Асанж: Главната задача на Гугл е да собира разузнавачки податоци

Од:

Главната задача на компанијата „Гугл“ е да собира разузнавачки податоци, изјави основачот на организацијата Викиликс, Џулијан Асанж во интервју за телевизијата Би-Би-Си.

– Бизнис моделот на Гугл е да собира разузнавачки податоци. Тоа на компанијата и носи 80 проценти од заработувачката, истакна тој.

Според Асанж Гугл собира информации за граѓаните, кои ги класифицира.

– Потоа изработува досие за граѓаните, со цел да ги предвиди нивните интереси и постапки, а потоа продава информации, во повеќето случаи на маркетинг компании, но и на други, нагласи тој.

Асанж е уверен дека дејноста на компанијата практично се совпаѓа со таа на Агенцијата за национална безбедност и на британското електронско разузнавање „Штаб за врски со Владата“ (GCHQ).

– Гугл располага со сериозна маркетиншка сила. Логото на компанијата не ја буди помислата дека станува збор за голема и лоша американска корпорација, но фактики таа стана токму таква. Денес таа не највлијателна трговска организација во светот, нагласи Асанж.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори