Ципрас се сретна со Папата

Од:

Лидерот на грчката опозициска партија Сириза Алексис Ципрас побара поблиски врски меѓу европската левица и Христијанската Црква за време на неговара вчерашна средба со папата Франциско во Ватикан.

– Доаѓаме од различни идеолошки појдовни точки, но веруваме дека се вкрстуваме на заеднички вредности, како што се солидарност, љубов кон човечко суштество, социјална правда и нашата вознемиреност за мирот во светот, изјави левичарски лидер по кусата средба со понтифот.

Ципрас го информирал папата за последиците од економската криза во Грција, истакнувајќи дека болните мерки наметната од страна на грчките влади биле преземени „за да се спасат банките“.

Портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди соопштил дека средбата била „приватна и без политичко значење“, истакнувајќи дека разговорот се фокусирал на „човечки и социјални прашања“.

Ципрас на средбата бил придружан од поранешниот лидер на австриската Комунистичка партија, Валтер Бејер кој, според германската агенција ДПА, рекол дека Папата нагласил оти е „скандалозно тоа што спасувањето на банките е поважно од спасување на луѓето“.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска