Инсталација на фотографии објавени на Инстаграм

Од:

На терасата на покривот на хотел „Дувет“ вечер ќе биде поставена еднодневна изложба – избор на објавени фотографии на Инстаграм снимени од Слободанка Тренчева – Боте.

– Во фотографиите објавени на нејзиниот профил #botovacha провејува лајфстајл мотивот кој најдобро зборува за слободата во фотографското чувство на авторот. Големите пејсажни површини, урбаните мотиви, секојдневните или можеби необичните моменти во кој изобилува богат колорит се главниот сегмент кој ги интегрира емоцијата, времето и просторот во фотографското изразување, информираат организаторите.

Според Антони Мазневски, академски сликар и куратор на овој несекојдневен и интересен артистички настан, креативниот нагон, односно Инстаграм фотографиите на Боте се сведоштво за триумфот на чувството врз инструментализмот.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје