Надбискуп: Можеби не треба да зборувам, но се прашува дали постои Господ

Од:

Надбискупот од Кантебури, Џастин Велби во интервју за „BBC“, кое што се одржа пред стотици верници во Бристолската катедрала, призна дека понекогаш се сомнева во постоењето на Господ.

-Постојат моменти кога се прашуваме „Постои ли воопшто Господ, каде е тој-изјави поглаварот на англиканската црква и додаде дека тој можеби не би требало јавно да зборува за такво нешто.

Новинарката на „BBC“, Луси Тег го праша дали има сомнежи на што тој одговори дека има на многу различни начини, но дека на тоа прашање треба добро да размисли пред да даде потврден одговор. Иако понекогаш се сомнева во Господ, надбискупот нагласи дека е убеден во постоење на Исус. –

Не можеме да ги објасниме сите прашања на светот, не можеме да објасниме толкаво страдање, но знаеме за Исус-наведе тој.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство