Репрезентациите на Полска и на Франција ја комплетираа полуфиналната четврторка на Светското првенство во одбојка што се одржува во Полска. На синоќа одиграните натпревари и двете селекции постигнаа победи и ги освоија првите места во групите.
Домаќинот Полска во рамките на Х групата ја совлада Русија со 3:2 во сетови (25:22; 25:22; 21:25; 22:25 и 15:11). Полска е прва во групата со 4 бодови, колку што има и Бразил на второто место, додека Русија е трета со еден бод.
Во групата Г, Франција го совлада Иран со 3:2 (25:20; 25:23; 22:25; 19:25 и 15:9). Франција е прва со пет бодови, пред Германија со 3, а Иран е трет со еден бод.
Денеска на шампионатот е слободен ден, а во сабота во полуфиналето ќе играат: Франција – Бразил и Полска – Германија, додека во натпреварот за 5.место ќе играат: Русија и Иран.