Одбележување 50-години од уставното судство во Македонија

Од:

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја одбележи 50-годишнината од основањето на уставното судство во државата.

Во рамки на одбележувањето ќе се одржи меѓународна конференцијата на која ќе се обратат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседателката на Уставниот суд Елена Гошева.

Учесниците на конференцијата ќе дебатираат за „Современите предизвици на уставното судство: Принципот на поделба на власта и неговата заштита од страна на Уставниот суд и за Оценката на уставноста и законитоста на подзаконскиет акти“.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи и прес-конференција на која ќе говорат претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, претседателот на Европскиот суд за човекови права Дин Шпилман, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија амбасадорот Ралф Брет, судијата во Европски суд за човекови права Мирјана Лазарова – Трајковска и заменик регистраторот од Европски суд за човекови права, Мајкл О’болј.

На конференцијата најавено е присуство на претставници од домашни и странски судови и институции.

Би можело да ве интересира

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото