Папата Франсис и покрај предупредувањата, ќе ја посети Албанија

Од:

И покрај предупредувањата од ирачкиот амбасадор при Светата столица, дека папа Франсис при посетата во Албанија може да биде мета на напади од џихадистите од Исламска држава, поглаварот на Римокатоличката црква сепак одлучи во недела да ја посети оваа европска држава.

Како што пренесe „Франс прес“ ова ќе биде прва посета на папата во некоја европска држава.

Ватикан ги отфрли предупредувањата за можните напади во државата, каде што мнозинско население е муслиманско и порача дека безбедносните мерки ќе бидат вообичаени.

Седумдесет и седумгодишниот папа, кој што е познат по тоа што ги игнорира предупредувања, во Тирана ќе го користи истото возило со отворен кров, кој што го користи и на Плоштадот Свети Петар.

Многумина стравуваат дека Франсис со своите изјави и поддршка на американските воздушни напади во Ирак, предизвикаа бес кај екстремистите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски