Партијата Европски слободен сојуз во чиј состав се 40 прогресивни, националистички, регионални и автономни партии ширум ЕУ, направи мапа на која е прикажан Стариот континент, со потполно нови граници.
На мапата се прикажани познатите сепаратистички региони, како Баскија која се наоѓа во северниот дел на Шпанија, како и југозападниот дел на Франција во кој е Савојска лига, која сака отцепување на регионот, кој има 405.550 жители.
Германија е прикажана без Баварска која брои 12.5 милиони жители, чиј што национализам е изразен уште од 1871 година, кога оваа покраина влезе во составот на Германија.
Сепаратистичкото регионално движење се повеќе го промовира и потсетува на наследството, традицијата и јазикот на Млетачката република која постоела од 697 до 1797 година и била една од првите модерни републики во светот.
Прашањето за независност во голема мерка е актуелизирано во 70-ите и 80-ите години, кога населението било фрустрирано од бирократијата и даноците.
Сепаратистичките движења тврдат дека се занемарени локалните богатства, во корист на корумпираните и некомпетентни власти во европските претстолнни. Во последните години национализмот е се поизразен поради економска криза, која предизвика голема невработеност и општествени превирања.
Е. Г.