Шестмина повредени во тепачка во тетовската болница

Од:

Едно лице  е потешко повредено и задржано на лекување во тетовската болница, а пет се приведени од полицијата откако сите учествувале во тепачката што се случила на Хируршкото одделение во Клиничката болница.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информираше дека тепачката се случила вчера околу 19 часот меѓу Р.А.(23), Р.Р (49) и Д.Х (47) од една и И.У (55), А.У (17) и А.У (20) од друга страна.

Тие размениле повеќе удари со тупаници по главите и телата од кои се здобиле со повреди. По укажаната лекарска помош петмина од нив се приведени,  а 20-годишниот А.У е задржан на лекување.

Лицата и претходно меѓусебно се тепале на улицата „Љуботенска“ во Тетово, поради недоразбирања околу напасување на добитокот.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата