Изложба на дела од Жанета Гелевска Велјаноска-Жани

Од:

Изложба на дела од Жанета Гелевска Велјаноска-Жани под наслов „Бакни ме можеби нема да се разбудам“, ќе биде отворена вечер во Галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка.

Како што вели уметницата, станува збор за изложба на слики и цртежи, посветени на нејзината почината мајка, со што таа заокружува цел еден животен и уметнички циклус. И покрај се, емотивниот фон на делата не е тагата, туку миговите на исконскатарадост и безгрижност. Тие се еден вид ликовен мемоар за скапоцените парчиња среќа омеѓани од пристаништата на болката, преку кој уметницата всушност разговара со својата мајка.

Гелевска Велјаноска (1966) дипломирала на Факулетот за ликовни уметности во Скопје отсек сликарство во 1989 година, во класата на проф. Ана Темкова. Во 1999 година била поканета да изложува во престижниот салон Blains во Мејфеар во Лондон, каде што останува да живее и твори. Има реализирано 28 самостојни изложби, учествувала на голем број групни изложби,уметнички проекти и ликовни колонии во Англија, Франција, Шпанија, Германија, Хрватска, САД.

Таа е добитничка на неколку престижни награди. Последниве неколку години живее на релација Скопје-Лондон.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска