Спасески: Да се почитуваат правилата во сообраќајот, за помалку жртви на патиштата

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Mарјан Спасески се вклучи во кампањата за безбедност во сообраќајот и по повод оддржувањето на Источно европското првенство упати порака до сите учесници во сообраќајот за почитување на правилата, со цел помалку жртви на патиштата.

– Мотокрос спортот кој има натпреварувачки карактер, исто така, голем број од граѓаните го користат и практикуваат во рекреативни цели. Поради тоа, сакам да ја искористам оваа пригода и да напоменам дека спортистите од мотокрос спортот, се оние што треба да испратат јасна порака за граѓаните дека треба да ги почитуваат сите правила и прописи за користење на моторите и превозните средства во сообраќајот, истакна Спасески.

Додаде дека мора да се влијае на свесноста на сите учесници и да се укаже на негативните постапки во сообраќајот.

– Мора јасно и гласно сите заедно да испратиме една порака до сите учесници во сообраќајот „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“. Со тоа ќе придонесеме за безбеден и сигурен сообраќај во нашето општество, рече Спасески.

Кампањата која започна пред неколку дена наиде на широка прифатеност. Централна порака на кампањата е „Вози безбедно, вози со појас“ и се однесува на возачите на автомобили, камиони, автобуси, кои процентуално се најголеми учесници во сообраќајот.

Преку кампањата се апелира и за почитување на правилата за некористење мобилен при возење и за почитување на ограничувањето на брзината според условите на патот.

Би можело да ве интересира

Срби на пат кон Грција, ќе загинеле во сообраќајка кај Демир Капија

Горан Наумовски

52-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка

Србинка е тешко повредена во сообраќајка близу Велес

Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Тешка сообраќајна несреќа во близина Книн, едно лице загина, неколкумина се повредени