Кога четврточниот референдум за независност на Шкотска е на дофат, противниците на независноста на Шкотска го потенцираат недостигот од она што треба да биде сигурна валута. Независна Шкотска или ќе продолжи да ја користи британската фунта и да ја загуби контролата врз својата монетарна политика, или да се приклучи на добро познатите натегања во еврозоната, или да создаде нова национална валута која со сигурност ќе биде слаба. Но постои и интригантна четврта опција: прифаќање на онлајн крипто валута, како што е биткомот.
Всушност, Шкотска во својата историја има искуства со вакви нешта: наместо целосно да се потпре на британската фунта во 18-иот и 19-иот век, многу шкотски банки си издавале свои пари – факт кој го забележа Гиј Дебеле, помошник гувернер на централната банка на Австралија на неодамнешната конференција за дигитални валути во Лондон. Еве што изјави Дебеле за Гардијан:
– Шкотланѓаните можат да се навратат на експерименирање со разновидни валути, со биткомот и слични, а ние можеме да си седиме и да гледаме што ќе се случува. Повторно еден фин експеримент во врска со иднината на парите во Шкотска. Како што реков, затоа што веќе се обиделе со ова во 18-иот и 19-иот век. Тоа функцинирало некое време, но наскоро пропаднало.
Во распламтената дискусија, Дејвид Бирч, директор во консултантската куќа за дигитални валути Хиперион, смета дека шкотскиот експериемент со разни валути бил повеќе успешен отколку што некој може да си замисли. Во Гардијан го цитираат:
– Економските истражувања покажуваат дека во Шкотска, банките ретко пропаѓале и правеле помалку штета отколку пропаѓањата на банките во Англија во тоа време, рече тој. „Темата за конкурентски пари во Шкотска не завршила затоа што валутите пропаднале; завршило заради сеопфатното проширување на Законот за банки од 1844 година, со кој бил проширен монополот на Банката на Англија во врска со парите зад северната граница“.
Но крајот на монополот на Банката на Англија можеби нема да е најголемиот проблем за биткоинот. Практично кажано, националната валута заснована на биткоиот може да биде, рда речеме заснован на златото. Битконот е дизајниран да функционира како органичена стока до која со текот на времето тешко ќе се доаѓа. Во било кој случај, резултатот ќе биде многу нефлексибилна национална валута која често ќе го губи чекорот со економскиот раст. Како што истакна Феликс Мартин во Њу Стејтмент, еден од првите кој го идентификуваше овој проблем бил шкотланѓанец. Економистот Џон Лоу од Лауристон емигрирал во Франција, станал министер за финансии на таа земја, а во 1719 година го заменил златниот стандард со хартиени пари печатени како дискреција на владата.
Без разлика за се: Инвеститорот во капитал Дерек Нисбет, од Единбург, неодамна започна со Скотскоин и нуди по една илјада скотскоини на секој полнолетен шкотланѓанин. „Наша мотивација е да го засилиме народот во Шкотска со шансата за алтернатива дигитална валута, која може да се користи како медиум за размена, да изразува поѕреби, онака како ќе растат потребите и желбите, рече тој за Гардијан.
Барем засега изгледа дека најголемата употреба на биткоинот во Шкотска е маркетиншки трик. Во мај, лондонскиот електронски трговец ЦеКс ги освои насловите во медиумите кога го претстави првиот јавен банкомат за биткоин во Шкотска и барем за кратко ја превори нивната продавница во Глазгов во „зона ослободена од фунтата“. Само неколку дена тие примаа плаќања со биткоин. „Овој обид ја претвори централната шкотска финансијска улица во биткоин лабраторија“, изјави протпарол од ЦеКс за веб страната КоинДеск, „со што се истакна алтернативната форма на валута ако Шкотска изгласа `ДА` на претстојниот референдум“.
Мадер Џонс – Вашингтон