Над 12 илјади Филипинци поради закана на ерупција на вулкан

Од:

Над 12 илјади жители на Филипините се евакуирани денеска поради закана од ерупција на најактивниот вулкан во земјата Мајон на островот Лусон, соопштија властите во провинцијата Албај.

Во однос на континуираните помали потреси и камените лавини во зоната Мајон, Филипинскиот Инситут по вулканологија и сеизмологија го подигна денеска нивото на опасност од втор на трет степен. Експертите очекуваат ерупција да се случи во следните неколку недели.

Гувернерот на Албај Џој Селседа соопшти дека итно се евакуирани жителите на селата кои се наоѓаа на шест до осум километри до вулканот. Тие ќе бидат сместени на три месеци во времени живеалишта. Ако вулканот почне да еруптира тогаш  во регионите со поголема безбедност ќе бидат преместени жителите од зоните кои се на југоисток од кратерот.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати