400 лица вработил Секретеријатот за спроведување на Рамковниот Договор

Од:

Секретеријатот за спроведување на Рамковниот Договор, за годинава вработил 400 лица. Оваа бројка ја заокружи последниот оглас каде се бараат 180 нови кадри, од кои 150 се високо и 30 со средно или вишо образование.

Од Секретеријатот за А1 објаснија дека новите вработени ќе се прераспределуваат на работни позиции каде нивната анализата покажала дека нема доволна застапеност на малцинствата или Албанци и останати.

Затоа на огласот стоело дека бараат работници кои имаат завршено факултет од областа на општественети, техничките и природно математичките науки зашто баш тие кадри биле нотирани како дефицитарни

Тие секоја година вршеле анализа за дефицитот на кадри кои се неопходни, и ја доставувале до Владата, кој на прва или втора седница одобрувала вработувања во зависност од извештајот.

Од канцеларијата на Секретеријатот не прецизираа колку вработувања по етничка линија ќе побараат за 2015-та зошто дополнително ќе се извршеле анализи откако новите 180 лица кои ќе се вработат на тековниот оглас и ќе бидат распределени на работни позиции во јавната администрација.

Секретеријатот за спроведување на Рамковниот Договор го води ДУИ од 2008-ма, а на челната позиција сега е Муса Џафери.

Европската унија постојано во извештаите за земјава нотира дека имаме гломазна и неефективна јавна администрација на која не и се знае точната бројка што е недозволиво за земја кандидат.

Надлежните упорно избегнуваат да дадат прецизен одговор колку лица се дел од јавната администрација. Експертите постојано апелираат дека буџетот нема кондиција да издржи толку вработени кои плата примаат од државната каса, а според нив единствен начин за да се биде дел од државниот апарат е партиската книшка.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

A1on

Манчевски: Конечно ќе биде решен проблемот со вработените според Рамковниот договор

Ана Ололовска

Распределени 760 админстративци според Рамковен, остануваат уште 700

Ана Ололовска

Тачи: Охридскиот договор – најцврста гаранација за правата на Албанците во Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Фаркас: Договорот меѓу Македонија и Грција е одговор против Путин

Ана Ололовска