Позната агендата на посетата на папата на Тирана

Од:

Католичката црква во Албанија ја соопшти агендата за еднодневниот престој на папата Франциско на Тирана,  на 21 септември.

Папата на тиранскиот аердором „Мајка Тереза“ ќе пристигне во девет часот, каде ќе биде пречекан од премиерот Еди Рама и високи претставници на католичката црква на Албанија. Половина час подоцна добредојде  во претседателскта резиденција ќе му посака претседателот Бујар Нишани, по што ќе има куса средба и обраќање пред високи албански претставници, јави дописникот на МИА од Тирана

– Во единаесет часот ќе одржи свечена миса на плоштадот „Мајка Тереза“ на која ќе учествуваат и двајца кардинали, 18 епископи, 240 свештеници, 10 семинаристи и четвроица ѓакони. По тој повод католичката црква на Албанија упатува апел за присуство не само на католичките верници, туку и на сите граѓани кои посакуваат да го видат Папата и да ја проследат мисата, стои во соопштението од црквата.

Средба и заеднички ручек со високите претставници на албанската католичка црква папата ќе има во 13,30 часот, по што предвидена е средба со министерот за внатрешни работи Саимир Тахири и неговите соработници.

Тој ќе престојува и во катедралата во Тирана, ќе има средба со претставниците на сите верски заедници во земјата (православната, муслиманската, католичката, протестантската и бектешката) ќе биде без присуство на медиумите, а посетата ќе ја заврши со посета на децата во центарот „Бетаниа“, каде се згрижени главно деца без родители.

Посетата ја завршува во 20 часот, кога авионот полетува од тиранскиот аеродром. 

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски