Во полицијата во Нови Пазар пријавен е протест на навивачката група „Торчида Санџак“ против спорниот филм кој го навредува пророкот Мухамед.
Навивачите на фудбалскиот клуб, пријавиле во полиција дека ќе одржат протестен марш, по повод објавување на дел од филмот „Невиност на муслиманите“. Како што пренесува Танјуг, протестниот марш е планиран за петок во 14 часот, веднаш откако во џамиите ќе заврши најголемата молитва – џума намаз. Собирот би се одржал само под еден транспарент – Емисарот во моето срце .
Граѓаните се повикуваат на маршот преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, како и преку многубројните санџански сајтови.