Оскар Писториус сака да напише книга и на тој начин да ја раскаже својата страна од приказната, за настаните кои што се случиле во тек на ноќта, кога ја уби својата девојка Рева Стенкамп, како и за мачното судење.
Мемоарите од убиството би можело да му бидат од корист на параолимпиецот, но најавата за книгата предизвикаа бурни реакции.
Имено многумина мислат дека од убиството на 29-годишната правничка и модел, Писториус има намера да профитира.
Оскар Писториус во петок беше прогласен за виновен за убиство од предумисла, откако со четири куршуми ја застрела својата девојка која била зад затворените врати во тоалетот, бидејќи како што вели, мислел дека станува збор за крадец.
Судот му дозволи изрекувањето на казната да го чека на слобода, а во судницата ќе се врати повторно на 13-ти октомври, кога ќе бидат сослушани приговорите на обвинителството и одбраната на пресудата, по што судијката ќе ја изрече казната.
-Ќе напише своја книга. Зборувавме за тоа, за идеите и за концептот. Не би сакал да изнесувам повеќе детали -рече неговиот менаџер Пит Ван.
Родителите на Рева Стенкамп се згрозени од одлуката на судот.
-Ова не е чесна пресуда, поверуваа во неговата приказна, но јас едноставно не му верувам. Има премногу грешки, но ништо не може да се смени, тој се уште е жив, а таа замина засекогаш-изјави нејзината мајка, Џун Стенкамп.
Експертите предвидуваат доколку Писториус биде осуден на условна казна дека би можел да се врати на натпреварите во 2016 година и да учествува на Параолимписките игри во Рио. Обвинетиот спортист се уште редовно вежба за да остане во форма, а од Меѓународниот параолимписки одбор изјавија дека ќе му дозволат да се врати во спортските води.
Е. Г.