Папата Франциск го одбил барањето на косовскиот премиер во оставка, Хашим Тачи за средба, пренесува приштинскиот весник „ Експрес“.
Ватикан не го прифатил барањето на Тачи да биде на листата со официјалните преставници со кои ќе се сретне Папата за време на неговата посета во Албанија, пишува весникот.
Поглаварот на римокатоличката црква треба на 21 септември да ја посети Албанија.