Дваесетгодишен Германец беше изведен пред суд денеска во Франкфурт под обвинение дека членувал во џихадистичката групација Исламска држава, што е прв ваков случај во Германија.
Според обвинителството Крешник Бериша, кој играл за еврејски фудбалски клуб во Германија, минатата година опатувал во Сирија, каде се борел на страната на групацијата, пред да се врати во земјата пет месеци подоцна.
Бериша, кому му се заканува затвор од десет години, беше уапсен на аеродромот во Франкфурт во декември и досега беше во притвор.