Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) го објави распоредот за натпреварите од третата фаза на Мундијалот во Полска. Шесте најдобри репрезентации во досегашниот тек на првенството поделени се во две групи, а двете првопласирани ќе играат во полуфиналето.
Во групата Г во Катовице се селекциите на Франција, Германија и Иран.
Во Лоѓ ќе се играат натпреварите од Х групата во која учествуваат Полска, Бразил и Русија.
Двојки група Г:
Франција – Германија (утре),
Иран – Германија (среда) и
Франција – Иран (четврток).
Двојки група Х:
Полска – Бразил (утре),
Бразил – Русија (среда) и
Полска – Русија (четврток).
Полуфиналните средби и дуелот за 5. место се закажани за 20 септември, а ден подоцна се натпреварите за трето место и финалето.