Пет митови за феминистките кои никогаш нема да изумрат

Од:

Ако сме вистински посветени да им ги подобриме животните околности на жените, треба сериозно да ги сфатиме овие факти.

Повеќето од она што го слушаме за маките на американските жени е погрешно. Некои лажни факти се повторуваат толку често, што често излегуваат од досегот на критичката анализа. Иако се без основа, овие новинарски патки станаа основа за дебати во Конгресот, инспирација за нови закони, и фокус во програмите на колеџите. Еве ги петте најпопуларни митови кои мора да бидат отфрлени од оние кои се вистински посветени на подобрувањето на животните околности на жените.

Мит 1: Жените се половина од населението во светот, работат две третини од вкупниот број работни часови во светот, добиваат 10 проценти од севкупните приходи во светот, поседуваат помалку од еден процент од имотот во светот.

Факти: Ова неправедна исповед постојано се цитира од групите кои ги бранат правата на жените, од Светска банка, Оксфам и од Обединетите Нации. Тоа е чиста измислица. Пред повеќе од 15 години, Сали Баден и Ени Мари Гетц, експертите за полов развој од Универзитетот Сасекс, ги отфрлија овие тврдења. „Овие бројки ги измислија некои кои работат во ОН затоа што им изгледало дека се соодветни за да ја претставуваат скалата на нееднаквоста во тоа време“. Но не постојат докази дека ова кога било било точно, а секако не е денес така.

Не постојат точни бројки, но ниту еден сериозен економист не верува дека жените заработуваат само 10 проценти од приходите во светот, или дека поседуваат само еден процент од имотите. Како што забележа еден критичар во одлична статија во Атлантик: „Само американските жени денес заработуваат 5,4 проценти од приходите во светот“. Покрај ова, во африканските земји каде жените постигнаа далеку понизок прогрес отколку нивните колешки на западот и во Азија, Черил Дос, екоминист од Јејл, откри дека сопственоста на земјишта од страна на жените оди од 11 проценти во Сенегал до 54 проценти во Руанда и Бурунди. Дос предупредува и дека „користењето на неодржливи статистички податоци за бранење на правата е контрапродуктивно“. Неточните податоци не само што ја подриваат кредибилноста, туку и го попречуваат прогресот оневозможувајќи ги мерките за промени.

Мит 2: Во САД помеѓу 100.000 и 300.000 девојчиња се присилени на сексуално ропство секоја година.

Факти: Ова сензационалистичко тврдење е омилено кај политичарите, познатите личности и новинарите. Ештон Качер и Деми Мур го претворија во своја кауза. И конзервативните и либералните реформатори исто така го користат. Поранешниот претседател Џими Картер, неодамна рече дека сексуалното ропство на девојчиња во САД денес е полошо отколку ропството во Америка во 19-иот век.

Извори за овие бројки е еден извештај од 2001 година за сексуалната експлоатација на децата, составен од Ричард Естес и Нил Алан Вејнер, социолози од Универзитетот во Пенсилванија. Но нивните проценети 100,000 до 300,000 девојчиња се однесуваат на деца кои се во ризик да бидат експлоатирани – а не актуелни жртви. Кога тројца новинари од Вилиџ војс го прашале Естес за бројот на децата кои се грабнати и присилени на сексуално ропство секоја година, тој одговорил: „Се работи за само неколку стотини деца“. А во овие бројки се вклучени и многу момчиња. Според пописот од 2008 за малолетна проституција во Њујорк, излегло дека речиси половината од нив се машки. Неколку стотици деца се се уште неколку стотици премногу, но нема да им помогнеме со надувување на бројката на неколку илјади.

Мит 3: Во САД, 22 до 35 проценти од жените кои доаѓаат во ургентните центри во болниците го прават тоа заради домашно насилство.

Факти: Ова тврдење се појавува во безбројни статистички извештаи, во книги и во новинарски текстови – на пример, во главната книга за домашното насилство, „Законот за домашно насилство“, и во Атласот за жените во светот на Пенгвин. Во атласот на Пенгвин се користат бројките од ургентните центри за да го оправда местото на САД, заедно покрај Уганда и Хаити, како земји со најголемо домашно насилство.

Од каде доаѓа ова? Атласот нема примарен извор, но уредниците на „Законот за домашно насилство“ ја цитираат студијата на Министерството за правда од 1997 година, како и еден извештај објавен на веб страната на Центарот за контрола на болести (ЦКБ) од 2009 година. Но Министерството за правда и ЦКБ не зборуваат за 40 милиони жени кои годишно доаѓаат во ургентните центри, туку за жени, по број околу 550,000, кои годишно доаѓаат во ургентните центри заради „повреди предизвикани од насилство“. Од овие, околу 37 проценти се напади предизвикани од затворенички. Па затоа не се работи за 22 до 35 проценти жени кои доаѓале во ургентните центри заради домашно насилство. Точната бројка е помалку од половина од еден процент.

Мит 4: Една од пет жени на колеџ ќе бидат сексуално нападнати.

Факти: Овие неверодостојни бројки се денес насекаде во медиумите. Новинарите, сенаторите, па дури и претседателот Обама рутински ги цитираат. Можно ли е дека американските колеџи и студентски домови се најопасните места на земјата за жените?

Бројката „една од пет“ се заснова на студијата Сексулани напади во студентските домови, која ја нарача Националниот институт за правда и беше спроведена од 2005-2007 година. Двајца истакнати криминолози, Џејмс Алан Фокс од Универзитетот Нортистерн, и Ричард Моран од Колеџот Маунт Холиоки, ја забележаа оваа слабост:

„Проценката за стапка од 19 проценти помеѓу жените во колеџите е заснована на анкета спроведена на два четиригодишни универзитети, и тие можеби не ја одразуваат точно статистиката за сите универзитети во земјата. Покрај ова, анкетата има голема стапка на неоговорени прашања, што е јасен показател за можноста сите оние кои биле жртви да не дале целосно комплетни одговори на прашалникот, што резултира со надуена бројка на престапи“.

Фокс и Моран исто укажуваат на студијата која ја користеле за севкупна дефиниција за сексуални напади. Испрашаните кои дале одговори биле броени како жртви на сексуални напади, дури и ако биле само како предмет на „обиди на присилно бакнување“ или биле вовлечени во интимни односи додека биле пијани или дрогирани.

Оние кои ја бранат тезата за „една од пет“ ќе одговорат дека откритијата се повторуваат и во други студии. Но на овие студии им недостига делумна или целосна точност. Сексуалните напади во студентските домови е сериозен проблем и нема да биде решен со статистички надувувања.

Мит 5: Жените заработуваат по 77 центи на секој долар кои мажите го заработуваат – за истата завршена работа.

Факти: Без разлика колку пати овој факт за јазот во платите ќе биде отфрлен од економистите, тој секоагш се враќа. Заклучок: разликата од 23 центи заради половата различност е едноставно разликата помеѓу просечната заработувачка на сите мажи и жени кои работат со полно работно време. Тоа не се однесува во разликите во професиите, на работните позициии, образованието, работните обврски или на работните часови неделно. Кога овие релевантни фактори ќе се земат предвид, јазот во приходите се намалува до точка на непостоење.

Активистите кои се борат против јазот во платите, велат дека жените со иста основа и работа како и мажите, сепак помалку заработуваат. Но тие не успеваат секогаш да ги земат во пресметката критичните варијабли. Групите активисти, како што е Нацоналната организација на жените, секогаш се во позиција на одбрана: дека образованието и изборот на кариерата на жената не се сосема слободни – тие се водени од силните сексистички стереотипи. Според ова, тенденцијата на жените да се повлекуваат од работни места за да одгледуваат деца или да влегуваат во сферите на раното образование на децата и во психологијата, наместо во подобро платени професии како нафтени инженери, е доказ за продолжената социјална потлаченост. Тука е проблемот: американските жени се меѓу најдобро информираните и најсамоодлучувачките луѓе во светот. Да се рече дека тие се насила манипулирани во изборот и во контролата на нивниот живот е дијаметрално различно од реалноста и е злобно, уште во самиот корен.

Зошто овие закоравени тврдења се толку привлечни и остануваат во сила? Едно е јасно: постои голема статистичка неписменост помеѓу новинарите, академските феминисти и политички лидери. Постои и тенденција на привлечност кај луѓето да бидат заштитнички настроени кон жените – се верува во приказните за искористување на жените, а гласните скептици ризикуваат да бидат сосема различни од верувањето за страдањето на жените. На крајот, цели армии на бранители на правата на жените зависат од „убиствената статистика“ за да ја галванизираат својата кауза. Но убиствените статистики не ја одразуваат разликата помеѓу повеќе или помалку сериозните проблеми и упатуваат слаби пораки во погрешен правец. Тие исто ја промовираат и недовербата. Сликата дека американските мажи годишно држат во ропство повеќе од 100,000 девојчиња, испраќаат милиони жени во ургентните центри, ја одржуваат културата на силувања и ги изневеруваат жените од нивното право на вистинска плата, создава раадор меѓу вистинските верници и недоверба кај оние кои инаку би биле нивни сојузници во симпатиите.

Мојот совет до бранителите на женските права: Вратете ја вистината.

Кристина Хоф Сомерс, е поранешен професор по филозофија, а сега е редовен професор во Америкен ентерпрајс институт. Таа е авторка на бројни книги, меѓу кои се и „Кој го украде феминизмот“ и „Војна против момците“, и е домаќин во неделниот видео блог „Фактички феминистки“.

Тајм – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија