(ВИДЕО) Заев: Не плачеме ние да станеме власт и да делиме власт со Груевски, власта се добива на избори

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјави дека не можат да бидат алиби на оваа власт за ова што ѝ го прави на нашата земја, затоа, вели, направивме сè што можеше да направиме, бевме овде и за политички дијалог, биле и понижени во одредени моменти, сè во интерес на Македонија, но тој момент се прекрши кога станувате штетни со тоа што се добронамерни

Стратегијата на СДСМ, посочи, е составена од четири столба. Едниот е партнерство заедно со граѓаните, ќе го води Стево Пендаровски, вториот е „Работиме заедно“, задолжена е директно Радмила Шеќеринска, заменик претседателот на партијата, „Силна СДСМ“ е секретарската работа на секретарскиот тим и тоа е партиски ангажман, строго за билдање на капацитетот на СДСМ и опозиционите партии и четвртиот е централниот систем на комисии или опозиционите институции.

Целта е преку сите овие активности да го подигнат нивото на свесност во општеството, на активност на опозицијата, и да ја принудат власта и комплетната владејачка гарнитура на испорачувања на решенија за проблемите во Македонија. Опозиционите институции треба да бидат пандан на сите државни институции, што значи дека ќе бидат силен коректив на она што власта го прави со своите институции како штети врз граѓаните во секојдневието.

„Генерално СДСМ ниту сака, ниту има амбиции да биде ВМРО-ДПМНЕ за да контролира сè во оваа општество.Не патиме и не плачеме ние да станеме власт и да делиме власт со Груевски, власта се добива на избори, а за нас последните ниту беа фер, ниту беа регуларни избори. Затоа тенденциите се да создадеме врв на демократијата, слободно изразена волја на граѓаните на избори, но во секој случај сме силна партија, со огромни структури и имаме намера, пред сè во интерес на државата, како што е ред насекаде во светот, по пат на дијалог да ги решаваме проблемите. Доколку не, проблемите мора да се решат, тогаш ќе одиме на поинаквиот начин. Тој поинаков начин е адресирање на одредени чувствителни работи во општеството кои оставаат една дебела срамна нишка врз Македонија направена од оваа власт, а ќе биде доволна причина власта да реши проблеми во државата“, вели Заев.

Странците не ги притискаат да се вратат во парламентот.

Заев и партиските органи не бегаат од одговорноста бидејќи Солза Грчева и Љубица Буралиева не ја послушаата партиска одлука за бојкот на парламентот и одлучија да станат но сепак одговорноста пред сè е лична на овие личности кои веќе не се од СДСМ.

„Ова го кажувам не за да бегам од одговорноста, одговорноста секако е прво моја, а после и на сите учесници во носењето на одлуките надолу, но на крајот ако искрено се водите оној што е највисок рејтинг да го ставите на листата, тоа не значи дека треба да го контролирате и по душа и по карактер до крај“, вели лидерот на СДСМ.

Не сака да калкулира со можности за решавање на проблемот со името. Потенцира дека на СДСМ и на опозицијата примарни цели им се целосна НАТО интеграција и почеток на преговори со ЕУ.

„Информации добиваме, не само од меѓународните амбасадори, еве и Али Ахмети рече дека Груевски прифатил Горна Македонија, но тоа не се информации какви што треба да има најголемата опозициска партија, посебно не за вака важно прашање. Многу често, нè затекнавте и вие како медиуми и целата наша јавност, како испраќаме охрабрувачки пораки кон власта храбро да пристапи кон овој чекор. Не сме со ништо повикани за тоа, исклучиво од вербата дека може брзо да станеме членка на НАТО и на ЕУ и да го направиме посреќен животот и секојдневието на нашите сограѓани, таа е нашата водилка. Ниту еднаш премиерот не најде за сходно на сите овие средби да даде барем минимум информации. Јас не знам, ако се решава овој проблем, како ќе се бара поддршка од опозицијата. Како е практично возможно опозицијата да даде поддршка на евентуално решавање на проблемот, дај Боже да го има, кога не сте подготвени. Мора да им објасните на своите органи и тела, на своите членови, на своите поддржувачи зошто давате поддршка, а сакам да поддржам. Прво, јас сум граѓанин на Македонија и како секој наш граѓанин сум свесен дека нашите позиции ќе бидат многу посилни и ќе гарантираат многу побезбедна ситуација за Македонија во овие преговори ако има консензус меѓу власта и опозицијата, макар и таен, не мора да е јавен. За Македонија е исправно така, тоа се прашања коишто мора да ги решиме заедно. Проблемот се решава со градење консензус во државата во нешто во коешто верувате. Јас до ден денеска верувам дека нема родено Македонец којшто не го боли своето потекло, своето минато, својот дигнитет, чувството дека си роден и треба да живееш како Македонец и апсолутно ако ние ја изгубиме нашата препознатливост, тогаш чуму е членувањето и што се важни другите придобивки? Знам дека има едно ниво на коешто сите стојат во државата, вклучително и албанските политички партии, но бадијала ако тоа не го градиме дома. Ако изградиме консензус, ако дебатираме на оваа тема, ако по демократски постапки ја подготвиме и нашата јавност и ние лично како политичари и граѓаните ќе бидат спремни која е нашата црвена линија. Апсолутно кажав, моето потекло, моето минато е Македонија, јас сум Македонец, зборувам македонски јазик.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски