Најмалку две лица загинаа, а околу сто се спасени откако ферибот се преврти во централниот дел на Филипините, соопшти денеска филипинската Служба за цивилна заштита.
Синоќа Службата информира дека според официјалните податоци во време на несреќата, што се случила кај осторовот Лејте, на бродот имало 58 патници и 26 членови на екипажот.
Меѓутоа, бројот на досега спасените лица е многу поголем од официјалната цифра на регистрирани патници на фериботот, па затоа спасувачките екипи продолжуваат со потрага по преживеани или загинати.
Причина за превртувањето на бродот „Махарлика“ најверојатно е невремето проследено со силни ветрови и големи бранови.