Најмалку 70 исчезнати при бродолом на Филипините

Од:

Најмалку 70 лица се водат како исчезнати откако патнички брод потона во централниот дел на филипините, соопшти вечерва филипинската Служба за цивилна заштита.

Во соопштението се посочува дека во време на бродоломот, што се случил кај осторовот Лејте, на бродот имало 58 патници и 26 членови на екипажот.

Причина за потонувањето на бродот „Махарлика“ најверојатно е лошото време проследено со силни ветрови и големи бранови.

Службата за цивилна заштита информира дека спасувачките екипи досега пронашле само 14 преживеани патници од бродот. Потрагата по исчезнатите продолжува.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати