Односот „љубов-омраза“ помеѓу Англија и Шкотска беа одбележани со крвави средновековни војни, со кралски венчавки и со егзекуции, по кои следуваа векови на политичко и социјално единство.
Додека Шкотите се подготвуваат да гласаат за 300 години стариот брак со Аглија, историја ги испреплела нивните судбини и не води назад многу пред тие и да постојат како признати нации.
Голем дел од националната историја на Шкотска е дефинирана од односите со големите соседи.
И што и да се случи на референдумот следната недела, Шкотска и Англија ќе останат заедно на ист остров, а судбината на Шкотска ќе биде директно засегната од нивните прекугранични врски.
Римјаните почнале ја градат границата во 122 година. Хадријановиот ѕид, кој се уште делумно постои, ја означувал северната граница на империјата и бил одбранбена мерка против каледонските племиња од другата страна.
Соочени со доминацијата на Норсите, Пиетите и Шкотите се обединиле под владеењето на Кенет Мекалпин, кој се смета за првиот крал на Шкотска, и кој умрел во 858 година.
Но кога наследувањето на неговата династија било ставено под прашање, а англискиот крал Едвард Првиот бил повикан да пресуди, тој се зел во свои раце и извршил инвазија во 1296 година, и така го добил прекарот „Чеканот на Шкотите“.
Војните за шкотската независност траеле до 1357 година, иако кралот Роберт Брусот ефикасно воспоставил независност победувајќи ги англиските војски кај Банокбрн во 1314 година.
Војната против Англија помогнала да се дефинира чувството за државност кај Шкотите, а ривалството кај едните и другите во врска со „стариот непријател“ продолжува до ден денес.
Песната „Цвеќето на Шкотска“ од 1967, која ја отпеа групата Корис и која ја користат шкотските национални тимови како национална химна, се фокусира на патриотизмот на оние кои „стојат против нив; гордата армија на Едвард, и кога го враќаат дома, добро да си размисли“.
Договорот за траен мир од 1502 година, кој го потпишале шкотскиот крал Џејмс Четвртиот и англискиот крал Хенри Седмиот, требало да стави крај на непрестаните Англо-Шкотски војни, а тоа вклучувало и брак помеѓу Џејмс и Маргарет, ќерката на Хенри.
Ова ја поставило основата на Унијата на круни, еден век подоцна во 1603 година, кога нивниот правнук кралот Џејмс Шестиот го наследил англискиот трон од кралицата Елизабета.
Шеснаесет години претходно, Елизабета ја егзекутирала Мери, мајка му на Џејмс, која била католик и кралица на Шкотите заради предавство, од страв дека може да стане магнет за непокор.
Двете држави останале одвоени повеќе од еден век се додека веќе и така слабите Шкоти биле осакатени од катастрофалниот обид во 1689 да направат колонија во Панама, која ги сотрела инвеститорите на државата.
Унилатералниот „око за око“ договор меѓу Англичаните и Шкотите во врска со наследството на тронот, довел до договор за обединето кралство, наречено Велика Британија.
Крис Вотли, професор по шкотска историја на Универзитетот во Данди, вели дека темата за политичка унија на почетокот на 18-иот век предизвикала сличен интензитет на дебати како што се и денешните.
– Шкотска сега е поделена нација. Тогаш Шкотска била длабоко поделена нација во врска со нашите односи со Англија, рече тој. „Постои длабока загриженост, посебно помеѓу лидерите во Шкотска, дека Шкотска заостанува зад остатокот од Европа. Шкотланѓаните немаат морнарица која ќе им треба да ги придружува нивните трговски бродови на отворено море“, објаснува Вотли
– Тие немаат ниту колонијална империја. Англија ја има и затоа Шкотланѓаните многу сакаат да бидат дел од великата, растечка комерцијална империја на Англија. Мислам дека во 1707 година постоеле добри причини за обединување. Тоа не било многу популарно, но било во најдобар интерес за Шкотска која се наоѓала во многу тежок сплет на околности.
Иако просперитетот веднаш не доол во унијата, многу од најголемите постигнувања на Шкотска дошле под британско знаме.
Покрај значајната улога на Шкотланѓаните во проширувањето и управувањето со британската империја, шкотската генијалност довела до откривање на телефонот, телевизијата, пеницилинот, радарот, парната машина, макадамските патишта, пневматските гуми, самолепливите поштенски марки, парните чекани, банкоматите, модерната економија на Адам Смит и до кабаницата Мекинтош.
Но сепак останало мислењето во јавноста дека унијата е „нелегален чин, дека Шкотланѓаните биле вовлечени во неа од овие недобро мислечки политичари“, вели Вотли.
Шкотска „беше купена и се продаде заради англиското злато“, опеа националниот поет Роберт Брнс во неговата поема „Како пакет пакосници меѓу нацијата“ од 1791 година.
Том Девајн, водечки авторитет за шкотската историја, верува дека кога ќе се заврши со британската империја, протестантизмот ќе се намали и самостојното владеење дома ќе оживее преку деволуција, и потребата од Англо-Шкотското единство ќе го уништи ова проклетство.
Дејли јанг – Карачи