Денеска општина Центар извршувајќи донесени управни акти ја отстрани диво изградената настрашница на објектот на Дане Крапчев бр. 1 – ресторанот Мечка.
Овој објект веќе подолго време претставуваше пречка за нормално и безбедно движење на пешаците. Многу пати на ова се жалеа околните жители.
Општина Центар во наредниот период ќе продолжи да ги отстранува диво изградените и времени објекти на нејзина територија.