Нов случај на оштетено возило на македонски државјанин во Грција

Од:

Уште еден случај на оштетено возило на македонски државјанин во Грција е пријавен синоќа на граничниот премин „Стар Дојран“.

Случајот е пријавен од страна на скопјанецот Т.Д. чие возило „форд ескорт“ било оштетено во средата во Неа Каликратија. Било искршено задното стакло од десната страна на возилото.

Сопственикот на возилото случајот го пријавил и во грчката полиција.

– Со овој нов случај на оштетувања,  бројката на оштетени возила годинава достигна вкупно шест, а досега се регистрирани и тринаесет кражби на регистарски таблички со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат  македонските туристи во Грција, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он