Со отцепување на Шкотска од Обединетото Кралство, постои можност да дојде до промена на традиционалното знаме на Велика Британија, кое е комбинација на 3 конститутивни дела на некогашната држава, покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе британскиот Институт за знамиња.
Дури 65 проценти од испитаниците се согласиле со идејата дека во случај на осамостојување на Шкотска, треба да дојде до промена на знамето.
Меѓу идеите за редизајн на знамето е исфрлање на сината боја, која што е шкотски симбол и додавање на велшкиот змеј или круна.Предлогот кој најмногу се истакнува е знаме на Обединета Британија, со сосема нова комбинација на бои.
Од официјалното прогласување на државата во 1801 година, знамето ги претставува трите дела на обединета Велика Британија. На него се наоѓа англискиот крст на Свети Ѓорѓе, шкотскиот крст на Свети Андреј и ирскиот на Свети Патрик.
Е. Г.