Најновото истражување на јавното мислење за идниот референдум за независност на Шкотска покажува дека „унионистите“ имаат за четири проценти поголема поддршка во однос на оние кои се залагаат за независност на Шкотска.
На една недела пред референдумот, анкета на ЈуГов покажува дека „унионистите“ кои сакаат Шкотска да остане во рамките на Велика Британија имаат 52 проценти поддршка, додека за независност на Шкотска се 48 отсто од анкетираните
Истражувањето спроведено од ЈуГов е на барање на весниците „Тајмс“ и „Сан“ и ги исклучува неопределените гласачи.
Шкотланѓаните на 18 септември ќе се изјансат дали се за излез од Обединетото Кралство по повеќе од три века.